Ќе го попречи ли Месечината погледот на Персеидите вечерва?

Месечината ќе го украде вниманието на небото, но дали Персеидите ќе дојдат до израз повеќе?

Метеорски дожд Персеиди фотографиран од месноста „Зенго Чешма“

13 август 2020 год.


За нас набљудувачите од северната хемисфера, месец август важи за „месец на метеорите“, кога еден од најубавите метеорски дождови во годината го достигнува својот пик (својот врв) околу средината на месецот.

Станува збор за годишниот метеорски дожд Персеиди кој е омилен на сите на љубители на астрономијата.

Но, ние љубителите на ноќното небо годинава се соочуваме со огромен предизвик - Месеичната.

Што точно е предизвикот вечерва?

Овој месец, полна месечина имавме на 9 август, а три дена потоа, односно денес влегува во опаѓачка фаза на светлината, но сепак не доволно, што нас значително ќе ни го отежни набљудувањето на Персеидите.

Месечината вечерва изгрева во 21:16 часот, а заоѓа утре во 10:16 часот.

Врвот се очекува меѓу вторник 12ти и предутринските часови на 13ти август, односно вечерва.

Квалитет наспроти квантитет

Сепак, месечевата светлина ќе ги сокрие само бледите метеори. Голем дел од Персеидите обично се брзи, светли и понекогаш оставаат долготрајни светли траги. Таквите светли Персеиди можат без проблем да „пробијат“ и низ осветлено небо.

Како што вели Гај Отавел во своето популарно годишно издание Astronomical Calendar 2025: „Персеидите се брзи, што им помага да се разликуваат од многу поретките Аквариди и Каприкорниди во исто време. Многу од нив се светли; бели, жолти, зелени, црвени, портокалови; оставаат спектакуларни, долготрајни траги и завршуваат со блесоци.“ (извадок од Space.com)

Кој е планот вечерва?

Заедно со неколку мои пријатели вечерва сепак ќе се обидеме да доловиме некоја композиција и се надеваме ќе видиме метеор на фотографијата, бидејќи и покрај силната светлина на месечината Персеидите знаат да бидат доста светли, разнобојни и да остават голема трага на небото.

Обично, за најдобар поглед на ноќното небо избираме високи места - планини или ридови, далеку од градските светла. Но, имајќи предвид дека во државата е прогласена кризна состојба поради пожарите, лично ви препорачувам да избегнувате локации со шуми, суви дрвја и слична вегетација.

Наместо тоа, одберете безбедно место оддалечено од градската светлина, каде ќе можете мирно да уживате во метеорскиот дожд.

Сепак, на крајот од денот, фотографијата е само еден мал спомен од моментите што сте ги доживеале со пријателите таа вечер. Дури и да не успеете да доловите ништо со камерата – не е важно. Вистинската убавина е во уживањето: да седите под ѕвезденото небо, да уживате во свежината на летната ноќ, да уживате во разговори и смеење. Таквите моменти остануваат во сеќавањето многу подолго од која било фотографија на која има метеор.

Next
Next

Фотографијата што ја обележа мојата година: Метеор над огнот на Галичица